ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија
За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:
Понеделник до Петок 08:00 до 16:00
ЈП „Куманово план“ – Куманово е основано од Совет на Општина Кумановo, додека Општина Куманово претставува единица на локалната самоуправа, во која граѓаните го остваруваат правото на локална самоуправа непосредно и преку претставници на органите на општината, во согласност со Уставот, Законот за локална самоуправа, другите закони и Статутот на општината. Подрачјето на општината е утврдено со закон и го сочинуваат 68 населени места, од кои 16 се урбани заедници а 52 се месни заедници. Општината ги врши надлежностите во следните области: урбанизмот (урбанистичките планови и изградбата на објекти); заштитата на животната средина (екологијата); локалниот економски развој (водење на економска политика со која ќе се поттикне развојот на локалната заедница, ќе се поттикне развојот на малите и средните претпријатија на подрачјето на општината); комуналните дејности (водоснабдување, јавна чистота, изградба на улиците, одржување на зеленилото).
Поделбата на ресорите е направена врз основа на организацијата на работата во областа на општите административни работи и специјализираните административни работи како и давањето на јавни услуги:
– Одделение за урбанистичко планирање и проектирање
– Одделение за проектирање и надзор
– Одделение за општо,правни работи и човечки ресурси и јавни набавки
Јавното претпријатие „Куманово план“ – Куманово, се основа заради вршење на дејност од јавен интерес од областа на урбанизмот и уредување на градежно земјиште на Општина Куманово, а која е битен услов за животот и работата на граѓаните на територијата на Општина Куманово. Претпријатието се формира и се организира така што со дејноста која што ќе ја врши ќе обезбедува рамномерен просторен развој на општината, рационално уредување и користење на просторот, услови за хумано живеење и работа на граѓаните, оддржлив развој, заштита и унапредување на животната средина и природата и заштита на културно историските вредности..
Завршени проекти
Oбработена површина
Опфатени објекти
Идејни решенија
Од елиминирање на сообраќајниот метеж до доведување на Општината во состојба на функционална целина, нашите напори се насочени секогаш кон унапредување на сферата на општествено живеење и изнаоѓање модерни решенија.
Претпријатие кое со својата работа ќе допринесе за поуспешно менаџирање на урбанизмот и урбанистичкото планирање во Куманово.
Претпријатие кое ќе ја оправда довербата доделена од Градоначалникот, Советот и жителите.
Претпријатие кое ќе работи по сите национални и интернационални стандарди и постојано ќе биде во чекор со времето.
Ја преземаме нашата должност да постапуваме одговорно во секое време многу сериозно преку проактивно управување со влијанијата на нашите активности врз животната средина, нашиот народ и заедниците во кои работиме. Ние работиме според водечките принципи на нашите основачи и почитување на високите глобални стандарди. Особено, ја ставаме безбедноста на оние кои се вклучени или погодени од нашето работење како наша основна организациска вредност. Исто така, преземаме водечка улога во водење на промени во нашата индустрија, барајќи начини да се подобри ефектот на нашето работење врз животната средина преку модернизација на традиционалните методи и практики.
В.Д Директор
Архитект
Архитект
Архитект
Архитект
Дипломиран Градежен инженер
Дипломиран Градежен инженер
Членови: Ана Петрушевска, Елена Славковска, Сузана Максимовска, Слаѓана Илиева и Скендер Османи
Членови: Синиша Филиповски, Слаѓана Поповиќ, Сталинка Јовановиќ, Магдалена Митровиќ, Хамид Алитовиќ