Врз основа на член 22 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македобија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и 143/2019) и член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 72/2015/,129/2015, 27/2016 и 120/2018) , Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
бр.01/2019
за вработување на 5 (пет) лица во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови за период од 6 месеци
Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово има потреба за вработување 5 (пет) лица на определено време во времетраење од 6 месеци и тоа:
1.Виш соработник за правни работи во Одделението за општи, правни работи, човечки ресурси и јавни набавки , 1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и сткенати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, правни науки
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-најмалку 2 години работно искуство во струката
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
-Работни часови во неделата :40
-Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
-Паричен износ на основната плата: 23.278,00 денари
2.Советник за финансии во Одделение за општи, правни работи, човечки ресурси и јавни набавки, 1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, економски науки
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-најмалку 3 години работно искуство во струката
-Уверение за овластен сметководител
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
-Работни часови во неделата :40
-Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
-Паричен износ на основната плата: 25.041,00 денари
3.Соработник за јавни набавки во Одделението за општи правни работи човечки ресурси и јавни набавки, 1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и сткенати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, архитектура, урбанизам и планирање и сообраќај и транспорт
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-најмалку 1 година работно искуство во струката
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
-Работни часови во неделата :40
-Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
-Паричен износ на основната плата: 22.522,00
4.Помлад Соработник за јавни набавки во Одделението за општи, правни работи, човечки ресурси и јавни набавки, 1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стeкнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, архитектура урбанизам и планирање, правни науки
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време:
-Работни часови во неделата :40
-Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
-Паричен износ на основната плата: 21.010,00
5.Проектант урбанист во Одделението урбанистичко планирање и проектирање, 1 извршител
Општи услови
-да е државјанин на Република Северна Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Посебни услови:
-ниво на квалификациите стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен, архитектура, урбанизам и планирање
-најмалку 3 години работно искуство во струката
-Овластување за изработување на урбанистички планови, односно планер потписник и
-Овластување „А„ или Б за изработка на проектна документација од архитектура
Распоред на работно време:
-Работни часови во неделата :40
-Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.
-Паричен износ на основната плата: 30.082,00
Кандидатите за работните места под реден број 1 и 3 , потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство
-Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Доказ за општа здравствена состојба за работното место ,
-Уверение / диплома за завршен степен на образование
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
-Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик)
-Доказ за работно искуство
Кандидатите за работното места под реден број 2 , потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство
-Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Доказ за општа здравствена состојба за работното место ,
-Уверение / диплома за завршен степен на образование
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
-Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик)
-Доказ за работно искуство
-Уверение за овластен сметководител
Кандидатите за работното место под реден број 4 , потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство
-Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Доказ за општа здравствена состојба за работното место ,
-Уверение / диплома за завршен степен на образование
-Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
-Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски јазик)
Кандидатите за работното место под реден број 5, потребно е да ги достават следните документи:
-Доказ за државјанство
-Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,
-Доказ за општа здравствена состојба за работното место ,
-Уверение / диплома за завршен степен на образование
-Доказ за работно искуство
– Овластување за изработување на урбанистички планови, односно планер потписник и
– Овластување „А„ или Б за изработка на проектна документација од архитектура
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни денови сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето .
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово лично или по пошта со напомена „да не се отвара“ на следнава адреса:
Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово
ул.Гоце Делчев бр.34 (Стар Мерак) Куманово
тел.за контакт : 070 302 800
Навремена , нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.
Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.
Јавно претпријатие за просторни
и урбанистички планови КУМАНОВО
ПЛАН Куманово
ВД Директор
Горан Митевски

