/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    Потпишани Договори за соработка на ЈП “Куманово план”-Куманово

    Објави / февруари 17, 2020

    На ден, 14.02.2020, во просториите на Општина Куманово, ЈП Куманово-план Куманово потпиша договори за соработка со Архитектонски Факултет, Градежен Факултет и ИЗИИС при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје.

    Потпишувањето на договорите има за цел продлабочување на соработка во областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото и заштита на културното наследство.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, кој присуствување на потпишувањето, смета дека со овој договор ќе  се постигне успешна соработка во која ќе се спои науката и искуството, кои ќе можат да се имплементираат во новиот ГУП на Куманово, кој е во подготовка. Целта на ЈП е да креира проекти и  да создава идеи  за да може Куманово да се гради и да размислуваме на Куманово на долгорочно ниво  Куманово 2020, Куманово 2030, Куманово 2040 .

    Со задоволство и нетрпение ги очекуваме идните проекти- изјави декан на Архитекторнскиот Факултет, Огнен Марина.

    Не би требало да го занемариме и делот за научно истражувачка работа- изјави декан на Градежен Факултет, Златко Србиноски.

    Посакувам многу проекти и мислам дека со оваа спогодба Куманово може да биде  лидер во нашата држава и овој пример може да го следат и другите единици на локална самоуправа. Сметам дека сме недоволно искористени од страна на нашите институции каде што можеме да дадеме квалитетен допринос. Вообичаено не викаат на крајот кога треба да дадеме критика. Мислам дека ова ќе биде добра пракса каде што уште во почетокот на изготвување на планската документација ние со наши сугестии ќе придонесеме за таа архитектонска и градежна документација да биде на високо ниво, – изјави директор на ИЗИИС Влатко Шешов.

    Горе