Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, член 37-е и 37-и од Законот за јавните претпријатија, ВД Директорот на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово (скратен назив: ЈП Куманово План Куманово)објавува
ЈАВЕН ОГЛАС
бр.03/2021
За вработување на 1 (еден) давател на јавна услуга на неопределено време
1.Одговорен градежен инженер, во Одделение за проектирање и надзор, шифра КДР 0305 Б01 087 – 1 извршител
Општи услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија
- Активно да го користи македонскиот јазик
- Да е полнолетен
- Да има општа здравствена способност за работното место
- Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- Најмалку ниво на квалификации 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен од областа наГрадежништво и водостопанство
- Најмалку три години работно искуство во струката
- Овластување А или Б за изработка на проектна документација од областа на градежништво или водостопанство
Работно време: 40 часа неделно од понеделник до петок , работно време – 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 часот .
Нето плата изнесува 28.921 денари, а бруто износ на основна плата изнесува 43.330 денари.
Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата за 2021 година се : 1(еден) извршител – Македонец(ка) .
Заинтересираните кандидати по овој оглас доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:
1.Податоци за огласот – број на оглас – органот кој го објавува јавниот оглас – реден број на работното(и) место(а) за кое се пријавува.
2.Лични податоци за кандидатот – име – презиме – припадност на заедница – датум на раѓање – пол – ЕМБГ – адреса на живеење (улица и број, место) контакт адреса (улица и број, место) – контакт телефон (мобилен , фиксен) е-mail адреса
3.Податоци за исполнување на општите услови и податоци за исполнување на посебните услови
4.Изјава за веродостојност на податоците
5.Потпис на кандидатот и датум на поднесување на пријавата
Заинтересираните кандидати по овој оглас заедно со пријавата треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:
-Извод од матична книга на родените
-Уверение за државјанство
-Лекарско уверение за општа здравствена способност
-Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
-Доказ за завршен степен на образование,
-Доказ за работно искуство
-Овластување А или Б за изработка на проектна документација од областа на градежништвто или водостопанство
Јавниот оглас трае 15 (петнаесет ) дена сметано од денот на објавување во дневен печат – во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.
Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнувааат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се пријавуваат на јавниот оглас со пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во архивата на јавното претпријатие.
Лице за контакт : Горан Митевски тел: 078/278-133
Пријавите со потребните документи да се достават на адреса ЈП Куманово План Куманово , ул.Гоце Делчев бр.34 Куманово во архивата на ЈП Куманово План Куманово .
Некомплетните, ненавремени и неуредно пополнети пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена , по истекот на рокот на пријавувањето.
ЈП за просторни и урбанистички планови
КУМАНОВО ПЛАН – Куманово
ВД Д и р е к т о р
Горан Митевски
_______________________

