/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2026 

    Објави / ноември 9, 2026

    Врз основа на член 47 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македобија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија 143/2019, 14/20 и 208/24) и  член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 72/2015/,129/2015, 27/2016, 120/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово објавува

     

    ЈАВЕН ОГЛАС 

    бр.01/2026 

    за вработување на 1 (едно) лице во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови за период од 12 месеци

     

    Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово има потреба за вработување на 1 (едно) лице на определено време во времетраење од 12 месеци и тоа:

    1.Помлад соработник за јавни набавки, шифра на работно место КДР  0102 В04 008 во Одделение за општи прави работи, човечки ресурси и јавни набавки, 1 извршител  

    Општи услови

    -да е државјанин на Република Северна Македонија

    -активно да го користи македонскиот јазик

    -да е полнолетен

    -да има општа здравствена способност за работното место и

    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

    Посебни услови:

    -ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен од областа на Архитектура, урбанизам и планирање или правни науки.

    -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици наа Европската унија (англиски, француски, германски).

     

    Распоред на работно време:

    -Работни часови во неделата :40

    -Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.

    -Нето износот на парична основна плата изнесува 32.014,00 денари, а бруто износ на основната плата изнесува 47.717,00 денари.

     

    Кандидатите кои ги исполнуваат условите и кои се пријавуваат за работното место под реден број 1, потребно е да ги достават следните документи во оригинал или заверена копија од нотар: 

    -Доказ за државјанство

    -Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност

    -Доказ за општа здравствена состојба за работното место

    -Уверение / диплома за завршен степен на образование

    -Доказ за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

    -Доказ за активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски).

    Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни денови сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

    Пријавата со потребната документација треба да се достави  до архивата на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово  лично или по пошта со напомена „да не се отвара“ на следнава адреса:

    Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово.

    ул.Гоце Делчев бр.34 (Стар Мерак) Куманово.

    тел.за контакт : 075 231 205

    Пријавата може да се подигне во просториите на ЈП Куманово План.

    Навремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

    Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.

    Јавно претпријатие за просторни

       и урбанистички планови

    КУМАНОВО ПЛАН Куманово

     

                    ВД Директор

                       Анета Шандева Доневска

    Горе