|
Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови ,,Куманово План’’-Куманово Ndermarja publike per planet hapsinore dhe urbane ,,Kumanova Plan’’-Kumanove |
Врз основа на член 35 од Статутот на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово (скратен назив: ЈП Куманово План Куманово), Одлука за разпишување на јавен повик бр.03-197/1 од 12.08.2024 година, Јавен повик бр.1 бр.03-197/2 од 13.08.2024 година, Решение за формирање на комисија по јавен повик бр.1 од 03-197/3 од 21.08.2024 година, Записник за работа на комисија бр.03-197/4 од 23.08.2024 година и врз основа на доставен предлог на комисија бр.03-197/5 од 23.08.2024 година ВД Директорот на ден 23.08.2024 година ја донесе следната
О Д Л У К А
за избор на кандидат по јавен повик бр.1
1.Согласно условите предвидени во јавниот повик бр.1 и доставениот предлог од страна на Комисијата за избор од 23.08.2024 година се избираат следните лица :
-Живко Божиновски, лице кое поседува важечко Овластување од областа на градежништво, пријавено за изработка на стручна анализа од областана стабилност и санација на конструкции со систем на носива ѕидарија.
2.Оваа одлука влегува на сила од денот на донесувањето.
О б р а з л о ж е н и е
Со Решение бр.03-197/3 од 21.08.2024 година на ВД Директорот на ЈП Куманово План Куманово е формирана Комисија која треба да ја разгледува доставената документација по Јавен повик бр.1 од 13.08.2024 година. Комисијата ја разгледа детално секоја доставена документација, состави Записник од својата работа бр.03-197/4 од 23.08.2024 година и Достави предлог до директорот бр. 03-197/5 од 23.08.2024 година со кој предлог го извести за комплетноста на доставената документација за пријавениот кандидат. ВД Директорот врз основа на доставениот предлог изврши избор на кандидат и донесе одлука врз основа на која подоцна со кандидатот ќе склучи поединечен договор.
Согласно горенаведеното ВД Директорот одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
|
ЈП„Куманово-план“ ВД Директор |
|
|
Сања Јакимовиќ – Петковска |

