Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН -Куманово врз основа на Одлука за распишување на јавен повик број 03-197/1 од 12.08.2024 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.1
За избор на стручно лице за изработка на стручна анализа од областа на:
- Стабилност и санација на конструкции со систем носива ѕидарија
- Право на пријавување на овој јавен повик имаат сите физички лица, граѓани на Република Северна Македонија кои поседуваат важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа градежништво, со искуство во областа на анализа на стабилност и санација на објекти со конструктивен систем носива ѕидарија.
- Пријавувањето на Јавниот повик се врши по електронски пат преку со доставување на скенирана целокупна потребна документација на официјалната емаил адреса на ЈП Куманово План: kumanovoplan@gmail.com . Контакт телефон за овој јавен повик е: 078 236 117
- Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да учествуваат на овој јавен повик се должни да поднесат:
-пријава (која е објавена на веб страницата и која се однесува на овој јавен повик, а истата мора да биде пополнета во целост и потпишана од страна на подносителот на документацијата.Потпишаната пријава треба да се скенира со целокупна документација и да се достави на меил: kumanovoplan@gmail.com Доколку некој од кандидатите поднесе различна пријава од пријавата која се однесува на овој јавен повик, нема да му биде прифатена.)
-професионална биографија
-доказ (фотокопија) од важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа на градежништво.
- Рок за апликација е пет (5) работни дена, сметано од наредниот ден од оваа објава.
- Некомплетната документација која ќе биде доставена за овој Јавен повик нема да биде предмет на разгледување.
- Секоја документација која ќе биде доставена по завршување на овој јавен повик нема да биде земена во предвид.
Услови за работа :
-Стручното лице ќе биде ангажирано за период од 12 месеци, во проектите во зависност од обемот на работа на ЈП.
-За секој работен ангажман нарачател на услугите – ЈП Куманово План ќе доставува писмен налог по маил за отпочнување на услугите.
-Врз основа на писмениот налог стручното лице потребно е да достави предлог финансиска понуда за услугите кои треба да ги изврши, временска динамика на траењето на услугите и потребен рок за завршување на истата.
Избраното лице по овој Јавен повик ќе биде објавено на официјалната веб страница на ЈП Куманово План www.kumanovoplan.gov.mk.
В.Д. Директор на ЈП Куманово План
Сања Јакимовиќ – Петковска

