/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ОГЛАС бр.02/2019 За вработување на 2 (два) даватели на јавни услуги на неопределено време

    Објави / декември 19, 2019

    Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор, член 37-е и 37-и од Законот за јавните претпријатија, ВД Директорот наЈавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово (скратен назив: ЈП Куманово План Куманово) објавува по втор пат

    ОГЛАС

    бр.02/2019

    За вработување на 2 (два) даватели на јавни услуги на неопределено време

     

    Огласот бр. 2/2019 се повторува јавно согласно член 20-д став 3 од Законот за вработените во јавен сектор и член 37-љ од Законот за јавни претпријатија за следниве работни места:

    1.Проектант урбанист (одговорен планер и проектант),во Одделение за урбанистичко планирање и проектирање, шифра КДР 0305 Б01 074, 1 (еден) извршител

    Општи услови:

    • Да е државјанин на Република Северна Македонија
    • Активно да го користи македонскиот јазик
    • Да е полнолетен
    • Да има општа здравствена способност за работното место
    • Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Посебни услови:

    • Најмалку ниво на квалификации 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен од областа наАрхитектура, урбанизам и планирање
    • Најмалку три години работно искуство во струката
    • Овластување за изработување на урбанистички планови, односно планер потписник
    • Овластување А или Б за изработка на проектна документација од архитектура

    Работно време: 40 часа неделно од понеделник до петок, работно време – 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 часот, нето плата 31.545,00 денари.

    Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата за 2019 година се :  1(еден) извршител Албанец(ка)

    2.Проектант од областа на градежништво , во Одделение за проектирање и надзор , шифра КДР 0305 Б01 076 – 1 (еден) извршител

    Општи услови:

    • Да е државјанин на Република Северна Македонија
    • Активно да го користи македонскиот јазик
    • Да е полнолетен
    • Да има општа здравствена способност за работното место
    • Со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    Посебни услови:

    • Најмалку ниво на квалификации 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен од областа наГрадежништво или водостопанство
    • Најмалку три години работно искуство во струката
    • Овластување А или Б за проектирање на градби како одговорен проектант од градежништво

    Работно време: 40 часа неделно од понеделник до петок , работно време – 8 часа дневно од 08:00 до 16:00 часот, нето плата 28.899,00 денари

    Предвидени вработувања согласно Годишниот план на институцијата за 2019 година се : 1(еден) извршител Србин(ка)                                 

    Заинтересираните кандидати доставуваат пријава која треба да ја содржи следната содржина:

    1.Податоци за огласот – број на оглас – органот кој го објавува јавниот оглас – реден број на работното(и) место(а) за кое се пријавува.

    2.Лични податоци за кандидатот – име – презиме – припадност на заедница – датум на раѓање – пол – ЕМБГ – адреса на живеење (улица и број, место) контакт адреса (улица и број, место) – контакт телефон (мобилен , фиксен) е-mail адреса

    3.Податоци за исполнување на општите услови и податоци за исполнување на посебните услови

    4.Изјава за веродостојност на податоците

    5.Потпис на кандидатот и датум на поднесување на пријавата

    Заинтересираните кандидати заедно со пријавата треба да ги достават следните документи за исполнување на потребните услови за работното место во оригинал или копија заверена на нотар:

    За работно место под реден број 1:

    -Уверение за државјанство

    -Извод од матична книга на родени

    -Лекарско уверение за општа здравствена способност

    -Доказ дека со правосилна пресуда  не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    -Доказ за завршен степен на образование,

    -Доказ за работно искуство

    -Овластување за изработување на урбанистички планови, односно планер потписник

    -Овластување А или Б за изработка на проектна документација од архитектура

    За работно место под реден број 2:

    -Уверение за државјанство

    -Извод од матична книга на родени

    -Лекарско уверение за општа здравствена способност

    -Доказ дека со правосилна пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

    -Доказ за завршен степен на образование,

    -Доказ за работно искуство

    -Овластување А или Б за проектирање на градби како одговорен проектант од градежништво

    Јавниот оглас трае 15 (петнаесет ) дена сметано од денот на објавување во дневен печат – во три дневни весници од кои еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

    Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнувааат во моментот на пријавувањето.

    Кандидатите се пријавуваат на јавниот оглас со пополнување на пријава. Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во архивата на јавното претпријатие.

    Лице за контакт : Иван Николовски тел: 078 / 278 – 133

    Пријавите со потребните документи  да се достават на адреса  ЈП Куманово План Куманово , ул.Гоце Делчев бр.34  Куманово во архивата на ЈП Куманово План Куманово .

    Некомплетните, ненавремени и неуредно пополнети пријави нема да се земат во предвид при разгледувањето.

    Доколку на јавниот оглас се пријават до 200 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати за едно работно место изборот се врши во рок од 120 дена , по истекот на рокот на пријавувањето.

     

                                                    ЈП за просторни и урбанистички планови

                                                         КУМАНОВО ПЛАН – Куманово

                                         ВД  Д и р е к т о р

    Горан Митевски

     

    Горе