/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2021

    Објави / април 27, 2021

    Врз основа на член 22 став 1 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македобија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија 143/2019 и 14/20) и  член 22, 23, 24, 25, 26 и 27 од Законот за работните односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 113/2014, 20/2015, 72/2015/,129/2015, 27/2016, 120/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.110/19 и 267/20) , Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово објавува

     

    ЈАВЕН ОГЛАС

    бр.01/2021

    за вработување на 1 (едно) лице во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови за период од 6 месеци

     

    Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово има потреба за вработување на 1 (едно) лице на определено време во времетраење од 6 месеци и тоа:

    1.Проектант, шифра на работно место КДР  0305 Б01 073 во Одделението за урбанистичко планирање и проектирање , 1 извршител

    Општи услови

    -да е државјанин на Република Северна Македонија

    -активно да го користи македонскиот јазик

    -да е полнолетен

    -да има општа здравствена способност за работното место и

    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

    Посебни услови:

    -ниво на квалификациите, стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VI Б степен од областа на Архитектура, урбанизам и планирање.

    -најмалку 3 години работно искуство во струката

     

    Распоред на работно време:

    -Работни часови во неделата :40

    -Работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот.

    -Нето изност на парична основна плата изнесува 26.278,00 денари а бруто износ на основната плата изнесува 39.250,00 денари.

     

    Кандидатите кои се пријавуваат за работното место под реден број 1, потребно е да ги достават следните документи во оригинал или заверена копија од нотар:

    -Доказ за државјанство

    -Доказ дека не им е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност,

    -Доказ за општа здравствена состојба за работното место ,

    -Уверение / диплома за завршен степен на образование

    -Доказ за работно искуство

    Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 работни денови сметано од денот на објавувањето на огласот. Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето .

    Пријавата со потребната документација треба да се достави  до архивата на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово  лично или по пошта со напомена „да не се отвара“ на следнава адреса:

    Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово

    ул.Гоце Делчев бр.34 (Стар Мерак) Куманово

    тел.за контакт : 078 278 133

    Навремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

    Со избраниот кандидат ќе се склучи договор за вработување на определено време.

     

     

                                                                            Јавно претпријатие за просторни

                                                    и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН Куманово

                                                                                                ВД Директор

                                                                                             Горан Митевски

    Горе