/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/2021

    Објави / март 25, 2021

    Врз основа на член 37-н и 37-њ од Законот за јавните претпријатија (Службен весник на Република Македонија бр.38/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19) и член 6 од Законот за вработените во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.143/19 и 14/20) и Правилник за формата и содржината на јавниот оглас како и пријава за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекција за вработување и унапредување како и начинот на нивно бодување за даватели на јавни услуги и помошно технички лица бр.02-80/7 од 06.05.2019 година,  ЈП Куманово План Куманово објавува

    ИНТЕРЕН ОГЛАС бр.01/2021

    за пополнување на работни места со унапредување на даватели на јавни услуги во ЈП Куманово План Куманово за следниве работни места

     1.Раководител на одделение за урбанистичко планирање и проектирање со шифра КДР 0305 А03 006 – Еден извршител со исполнување на следниве услови:

    -стручни квалификации: најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен , Архитектура, урбанизам и планирање

    -Работно искуство:најмалку две години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор односно најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор .

    -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење преку приложување потврда

    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

    -овластување за изработка на планска докуметанција (АО)

    -овластување А или Б за изработка на проектна документација

    2.Раководител на одделение за проектирање и надзор со шифра КДР 0305 А03 033 – Еден извршител со исполнување на следниве услови:

    -Стручни квалификации: најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Градежништво и водостопанство

    -Работно искуство: најмалку две години работно искуство во струката, од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку четири години работно искуство во струката, од кои најмалку две години на раководно место во приватен сектор.

    -активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење преку приложување потврда

    -активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски или германски)

    -овластување А или Б за изработка на проектна документација.

    -овластување А или Б за надзор над изведување на градби

     

    Покрај горенаведените посебни услови, заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат и општите услови за вработување согласно Законот за работните односи и тоа:

    -да е државјанин на Република Македонија,

    -активно да го користи македонскиот јазик,

    -да е полнолетен,

    -да има општа здравствена способност за работното место и

    -со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

    За интерниот оглас може да се јави давател на јавни услуги, вработен во ЈП Куманово План Куманово, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветно ниво согласно Законот за јавните прептријатија, Правилникот за систематизација на работни места и Правилниког за формата и содржината на јавниот оглас како и пријава за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекција за вработување и унапредување, како и начинот на нивно бодување за даватели на јавни услуги и помошно техничките лица бр.02-80/7 од 06.05.2019 година на ЈП Куманово План Куманово како и да ги исполнува следниве услови:

    -работното место на кое се унапредува да е слободно,

    -ги исполнува општите и посебни услови,

    -да не му е изречена дисциплинска мерка во период од 12 месеци пред објавување на интерниот оглас.

    -во последната година пред објавувањето на огласот да е оценет со оценка „5“ или „4“

    Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае  5 (пет) дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот.

    Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците се во пријавата се точни а доставените докази верни на оригиналот.

    Пополнетата пријава и доказите за податоците содржани во пријавата кандидатите треба да ја поднесат во писмена форма преку архивата на ЈП Куманово План Куманово , секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот со назнака: „За интерен оглас број 01/2021“.

    Ненавремената, нецелосна и неуредно пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.

    НАПОМЕНА: Кандидатот кој ќе внесе лажни податоци во пријавата или се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.

     

                                                                                                    ЈП Куманово План Куманово

                                                                                                                ВД Директор

                                                                                                              Горан Митевски

    Горе