Денеска, 18.01.2019, ЈП „Куманово-план“ започнува со работа. За В.Д Директор е назначен д.и.а Горан Митевски, архитект со долгогодишно искуство во струката како и поранешен Главен Архитект на Општина Куманово.
Во посета беа Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, како и Раководителот на Сектор за комунални работи при Општина Куманово, Лидија Ланг Спасовска и Раководител на Сектор за урбанизам – Емилија Сларидис Јаневска.
