/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ЈАВЕН ПОВИК бр.3

    Објави / мај 5, 2022

    Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови  КУМАНОВО ПЛАН  -Куманово врз основа на Одлука за распишување на јавен повик број 03-220/1 од 05.05.2022 година објавува

     

    ЈАВЕН ПОВИК бр.3

     

    За избор на стручни лица  за изработка на проектна документација од областа на:

    1. Машинство
    2. Противпожарна заштита
    3. Непосредна заштита на архитектонско и археолошко културно наследство преку поседување на конзерваторска лиценца

     

    1. Право на пријавување на овој јавен повик имаат сите физички лица, граѓани на Република Северна Македонија кои поседуваат важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа машинство / важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа на противпожарна заштита / важека Конзерваторска лиценца за Архитектонско и археолошко наследство.
    2. Пријавувањето на Јавниот повик се врши преку архивата на КУМАНОВО ПЛАН – Куманово, ул. Гоце Делчев , бр.34 (локалитет Стар Мерак) најдоцна до 12.05.2022 година до 12.00 часот.При аплицирањето сите потребни документи за овој јавен повик треба да се во затворен коверт, со ознака НЕ ОТВАРАЈ, за јавен повик бр.3. Контакт телефон за овој јавен повик е: 071 655 593
    • Сите заинтересирани кандидати кои сакаат да учествуваат на овој јавен повик се должни да поднесат:

    -пријава (која е објавена на веб страницата и која се однесува на овој јавен повик, а истата мора да биде пополнета во целост и потпишана од страна на подносителот на документацијата. Доколку некој од кандидатите поднесе различна пријава од пријавата која се однесува на овој јавен повик, нема да му биде прифатена.)

    -професионална биографија

    -мотивационо писмо

    -доказ (фотокопија) од важечко  Овластување за изработка на проектна документација од областа на машинство / важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа на противпожарна заштита / важечка Конзерваторска лиценца за Архитектонско и археолошко наследсво.

     

    1. Рок за апликација е пет (5) работни дена, сметано од наредниот ден од оваа објава.
    2. Некомплетната документација која ќе биде доставена за овој Јавен повик нема да биде предмет на разгледување.
    3. Секоја документација која ќе биде доставена по завршување на овој јавен повик нема да биде земена во предвид.

    Услови за работа :

    -Стручните лица од сите профили ќе бидат ангажирани за период од 12 месеци, во проектите во зависност од обемот на работа на ЈП.

    -За секој работен ангажман нарачател на услугите – ЈП Куманово План ќе доставува писмен налог по маил за отпочнување на услугите.

    -Врз основа на  писмениот налог стручното лице потребно е да  достави предлог  финансиска понуда за услугите кои треба да ги изврши,  временска динамика на траењето на услугите и потребен рок за завршување на истата.

     

    Избраните лица по овој Јавен повик ќе бидат објавени на официјалната веб страница на ЈП Куманово План www.kumanovoplan.gov.mk.

    Пријава

     

                                                                                                              В.Д. Директор на ЈП Куманово План

                                                                                                  Бобан Николовски

     

    Горе