Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО ПЛАН -Куманово врз основа на Одлука за распишување на јавен повик број 03-151/1 од 29.03.2022 година објавува
ЈАВЕН ПОВИК бр.2
За избор на стручни лица за изработка на проектна документација од областа на:
- Сообраќајно инженерство
- Електротехника
- Машинско инженерство
- Хидроградба
- Право на пријавување на овој јавен повик имаат сите физички лица, граѓани на Република Северна Македонија кои поседуваат важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа за која се пријавува.
- Пријавувањето на Јавниот повик се врши преку архивата на КУМАНОВО ПЛАН – Куманово, ул. Гоце Делчев , бр.34 (локалитет Стар Мерак) најдоцна до 05.04.2022 година до 12.00 часот.При аплицирањето сите документи треба да се во затворен коверт, со ознака НЕ ОТВАРАЈ, за јавен повик бр.2. Контакт телефон за овој јавен повик е: 071 655 593
- Документацијата за апликација треба да содржи:
-пријава
-професионална биографија
-мотивационо писмо
-диплома за завршено универзитетско образование,
-доказ (фотокопија) од важечко Овластување за изработка на проектна документација од областа за која се пријавува,
- Рок за апликација е пет (5) работни дена од денот на оваа објава.
Услови за работа :
-Стручните лица од сите профили ќе бидат ангажирани за период од 12 месеци, во проектите во зависност од обемот на работа на ЈП.
-За секој работен ангажман нарачател на услугите – ЈП Куманово План ќе доставува писмен налог по маил за отпочнување на услугите.
-Врз основа на писмениот налог стручното лице потребно е да достави предлог финансиска понуда за услугите кои треба да ги изврши, временска динамика на траењето на услугите и потребен рок за завршување на истата.
Избраните лица по овој Јавен повик ќе бидат објавени на официјалната веб страница на ЈП Куманово План www.kumanovoplan.gov.mk.
В.Д. Директор на ЈП Куманово План
Бобан Николовски