/ За поубаво Куманово.
  • svg
  • svg
  • svg
  • svg

Куманово-план седиште

ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

Контактирајте не

За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

* Please Fill Required Fields *
img

Контакт телефон

031 438 615

Работно време

Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    • svg
    • svg
    • svg
    • svg

    Куманово-план седиште

    ул. Гоце Делчев бр. 34, Куманово, 1300, Република Македонија

    Контактирајте не

    За секаков вид на прашања, користете ја оваа форма за контакт:

    * Please Fill Required Fields *
    img

    Контакт телефон

    031 438 615

    Работно време

    Понеделник до Петок 08:00 до 16:00

    ОДЛУКА за извршен избор на кандидат по јавен оглас за вработување на давател на јавна услуга

    Објави / декември 29, 2021

    Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи, член  20-г и 20-д од Законот за вработените во јавниот сектор,   член 37-љ и член 37-м од Законот за јавните претпријатија и член 16  од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас како и пријава за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекција за вработување и унапредување, како и начинот на нивно бодување за даватели на јавни услуги и помошно технички лица  бр.02-80/7 од 06.05.2019 година , на Управниот одбор на ЈП Куманово План Куманово ВД Директорот на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово (скратен назив: ЈП Куманово План Куманово) на ден  29.12.2021 година донесе

     

    ОДЛУКА

    за  извршен избор на кандидат по јавен оглас за вработување на давател на јавна услуга

     

    1.По Јавниот оглас бр.03/2021 објавен во дневните весници Вечер, Слободен печат и Лајм на 14.12.2021 година за вработување на 1 (еден) работник –  давател на јавна услуга  на неопределено време во ЈП Куманово План Куманово  се избира следниот кандидат:

    -За работно место Одговорен градежен инженер , со шифра на работно место КДР 0305 Б01 087, се избира кандидатот: Верче Трајчева од Куманово

    2.Избраниот кандидат ќе биде вработен на работното место од точка 1 на оваа Одлука, по конечноста на Одлуката

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

     

    О б р а з л о ж е н и е

    Комисијата за селекција во постапка за вработување на неопределено време на давател на јавна услуга, формирана со Решение бр.04-312/3 од 29.12.2021 година    по објавениот јавен оглас за вработување на давател на јавна услуга бр.03/2021 на 14.12.2021 година во дневните весници, Вечер, Слободен печат,  и Лајм, спроведе постапка согласно Законот за јавните претпријатија и Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас како и пријава за вработување и унапредување, начинот на спроведување на селекција за вработување и унапредување, како и начинот на нивно бодување за даватели на јавни услуги и помошно технички лица  бр.02-80/7 од 06.05.2019 година , на Управниот одбор на ЈП Куманово План Куманово.

    Согласно резултатите од сите фази во постапката за вработување, Комисијата за селекција на кандидати, до ВД Директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово (скратен назив: ЈП Куманово План Куманово), достави единствена ранг листа на кандидати и предлог за избор на кандидат за вработување.

    Врз основа на утврдената единствена ранг-листа и предлог за избор на кандидат за вработување, ВД Директорот на Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови КУМАНОВО-ПЛАН Куманово одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

    УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право во рок  од осум дена да поднесе жалба до Управен одбор на ЈП Куманово План Куманово.

     

     

                                                                                        ЈП Куманово План Куманово

                                                                                                    ВД Директор

                                                                                                   Иван Николовски

                                                                                        ________________________ .

     

     

    Горе