Од 31 мај до 2 јуни 2023 година, во организација на Агенција PUT Plus од Србија која е специјализирана за комплетна организација на стручни предавања и семинари од сите области од градежништвото но најмногу од областа на нискоградба и сообраќај, се одржа 3. регионален стручен семинар „NISKOGRADNJA I SAOBRAĆAJ 2023“ во хотел Crowne Plaza во Белград на кој присуствуваа 350 учесници меѓу кои и наш претставник од ЈП “Куманово план”-Куманово.
На семинарот беа разменети стручни мислења од врвни предавачи на темите посветени на:
- Планирање и проектирање;
- Изградба и одржување на патишта и железници;
- Безбедност во сообраќајот;
- Нови софтверски пакети;
- Заштита на животната средина;
- Одводнување на патиштата;
- Примена на BIM технологија, и останати теми кои се тесно поврзани со нискоградбата.
Се потенцираше безбедноста во сообраќајот каде од страна на врвните предавачи беше даден преглед на методи како да се подобри сигурноста во сообраќајот и колку е значајна улогата на инфраструктурните решенија.
Предавањата на овој семинар беа на високо стручно ниво од сите предавачи кои со своите презентации ни потврдија дека процесот на планирање, проектирање, израдба и одржување на патиштата е од голема важност за развојот на една земја.
Присуството на овој семинар беше корисно за стручното надградување со нови знаења на нашите вработени со цел да бидат пренесени во нашето претпријатие.